Хрватската полиција повторно заплени голема количина хероин која доаѓала од Албанија
На граничниот премин Карасович на хрватско – црногорската граница, хрватските полицајци синоќа заплениле уште една пратка со хероин, која доаѓала од Албанија, јавија албанските медиуми.
Уапсени 24- годишен албански државјанин во чиј автомобил биле откриени 11 килограми хероин.

Претходно на 16 декември во Хрватска во автобус со албански регистарски таблички беа откриени 5,4 килограми хероин и 5,6 килограми кокаин.
-На 10 јануари во Хрватска, во автомобил со албански регистарски ознаки, откриени беа 11 килограми хероин и уапсени двајца албански државјани. Така, за еден месец хрватската полиција заплени 27,4 кг хероин и 5,6 кг кокаин кои од Албанија требало да завршат на нарко пазарот во некоја од земјите на Европската унија, наведуваат медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…