Хрватска без Модриќ против Македонија
Фудбалската репрезентација на Македонија на 3-ти јуни ќе игра пријателски натпревар против Хрватска, а во овој натпревар Хрватите нема да сметаат на услугите на Лука Модриќ.
Модриќ два дена пред натпреварот со Македонија ќе игра финале со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а по него ќе добие неколку слободни денови пред да се приклучи на националниот тим за Европското првенство во Германија.
„На почетокот на подготовките ќе имаме 12 фудбалери. Оние кои играат викендов ќе добијат неколку слободни денови и ќе ни се приклучат пред натпреварот со Македонија. Најдоцна ќе дојдат Модриќ, Брозовиќ и Пашалиќ, нив ќе ги имаме по натпреварот против Македонија. Против Македонија нема да сме комплетни и шанса ќе добијат оние фудбалери кои се со нас од почетокот. По тој натпревар ќе имаме два-три тренинзи во кои ќе бидеме комплетни“, изјави Далиќ.
Европското првенство ќе потсетиме започнува на 14-ти јуни и ќе се игра до 14-ти јули за кога е закажано финалето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на струјата останува иста до крајот…
Цената на електричната енергија до крајот на…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…
Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…
(Фото) Продолжуваат провокациите од Софија: Бугарски бот…
На социјалните мрежи се појавија координирани објави…
Пленковиќ: Две држави членки на Европската Унија…
Две држави членки на Европската Унија ѝ…