Хрватска наплатила 234.000 евра од казни за неправилно покачени цени од трговците

t

Државниот инспекторат во Хрватска изрече 151 казна во вкупна вредност од 234.000 евра за економските оператори кои прибегнале кон нефер деловни практики по усвојувањето на еврото како законско средство за плаќање во Хрватска на 1 јануари, објави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

-Проверките ќе продолжат, рече хрватскиот премиер.

Тој истакна дека Владата има три типа мерки за справување со неоправданите поскапувања – отстранување на субвенциите, наметнување даноци и враќање на цените на претходното ниво.

Пленковиќ потсети дека минатата година Владата усвои три пакети помош во вкупна вредност од 3,6 милијарди евра за да им помогне на домаќинствата и бизнисите да се справат со кризата.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…

Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…

Од полноќ големо поскапување на дизелот

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат…

Ова се цените на горивата во Европа,…

Европските влади дискутираат за воведување на данок…

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…