ХРВАТСКА ОТКРИ ОТРОВНИ ПИПЕРКИ ОД МАКЕДОНИЈА:  Увезениот зеленчук бил со зголемено присуство на пестицидот форметанат

t

Забранетиот токсичен пестицид форметанат е откриен во зеленчук увезен од Македонија во Хрватска, објави во средата европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна.

„Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форматенат. Ризикот е сериозен“, се вели во соопштението.

Земја на апликација е Хрватска. Се претпоставува дека пестицидот е откриен со анализа на примероци од пиперка на хрватскиот пазар, бидејќи нема информации дека пратката е вратена од граница.

Патем, форметанат е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во Европската унија е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Форметанатот е многу акутно токсичен ако се проголта орално, умерено токсичен ако се вдишува и има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.

Бројни научни студии докажаа дека форметанатот може да биде токсичен преку инхибиција на холинестеразата. Активноста на холинестеразата е примарно одредена кај заболувања на црниот дроб, сомнително труење со пестициди и атипична форма на ензимот.

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлање и абнормална тишина.

Од испитувањата е заклучено дека пестицидот форматенат е потенцијално невротоксичен токму поради неговата способност да ја инхибира холинестеразата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…

ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…

Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…

Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…

Само неколку дена траеше договорот за откупната…

Сите државни ресурси ангажирани на терен за…

Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…