Објавено на:

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење

t

Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна договор со десничарското Татковинско движење за формирање на ново парламентарно мнозинство и идна влада, која повторно ќе ја предводи претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

„Предлогот за постигнатиот договор, заедно со распределбата на ресорите на идната влада, во текот на денешниот ден ќе биде претставен пред партиските органи и потоа ќе ја информираме јавноста за сите детали“, изјави владиниот портпарол Марко Милиќ од ХДЗ, по средбата на преговарачките тимови на двете страни.

Тој изјави дека по потврдата од партиските тела ќе се започне со собирање потписи за претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ да го добие мандатот за формирање на идната влада на ХДЗ, Татковинското движење и партнерите.

Пленковиќ, како што беше најавено претходно, ќе го поддржат и дел од претставниците на националните малцинства, за да ги обезбеди неопходните 76 гласа во парламентот.

Засега не е познато кои пратеници од малцинствата ќе бидат дел од владата, но претходно беше најавено дека во неа нема да учествуваат тројцата пратеници од српското национално малцинство од Самостојната демократска српска партија (СДСС), која досега беше дел од владата на Пленковиќ и имаше свој потпретседател на Влада.

Татковинското движење, како услов за поддршката за ХДЗ побара СДСС да не биде дел од парламентарното мнозинство или од идната влада.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ниту една партија не освои доволно мандати самостојно да формира парламентарно мнозинство и влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски се огласи на Фејсбук за промената…

Грчките политичари деновиве јавно си раскажуваат меѓусебе…

(Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск:…

Додека руските сили веќе ја преминаа северната…

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…

(Фото) УХМР со најнова прогноза: Еве какво…

До среда ќе се задржи нестабилно време,…

Верниците со молитва за иранскиот претседател Раиси…

Верниците се помолија за иранскиот претседател Ебрахим…