Објавено на:

ХРВАТСКА СОНУВА ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН! Пленковиќ шокиран од изјавата во Брисел: Вака Загреб би постапил со рускиот претседател

t

Доколку рускиот претседател Владимир Путин, по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење, дојде во Хрватска, тој ќе биде уапсен во согласност со процедурата предвидена со закон, изјави во петокот во Брисел хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Хрватска пристапи кон статутот на Меѓународниот кривичен суд и беше донесен закон за соработка со тој суд.

„Тој закон ги предвидува сите постапки во случај да има налог за апсење на лице и, колку што знам, таму не важи имунитетот. Следствено, постапката би била токму онака како што е предвидена во тој закон, а на се разбира дека хрватската полиција и надлежните органи би реагирале“, рече Пленковиќ одговарајќи на новинарско прашање како Хрватска ќе постапи во случај на посета на Путин.

Пленковиќ истакна дека ваквата посета „впрочем не е реална“.

Не верувам дека толку брзо ќе отидат во земјите потписнички на Римскиот статут“, изјави Пленковиќ во Брисел по самитот на ЕУ.

Гергели Гуљас, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, во четвртокот рече дека Унгарија нема да го уапси Путин доколку тој влезе во земјата, бидејќи нема правна основа за тоа.

Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Тој суд издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина. На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гуљаш рече дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен полицаец година и пол работел на…

Сериозни пропусти во работата на полицијата се…

Братот на зетот на Трамп за 12…

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…

Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…

Украинскaта војска во текот на оваа година…