Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ бил подложен на планиран медицински зафат за корекција на повремени срцеви аритмии, соопшти утрово хрватската влада. Интервенцијата, која била изведена во Клиничкиот болнички центар Загреб, поминала успешно, а премиерот се чувствува добро.
„Премиерот Пленковиќ вчера вечер беше хоспитализиран во Клиниката за кардиоваскуларни болести при КБЦ Загреб, каде што беше подложен на рутински зафат за корекција на срцева аритмија. Интервенцијата беше планирана и изведена во најдобар ред“, соопшти владин портпарол.
Според неофицијални информации, премиерот треба да биде отпуштен од болница во рок од 24 часа. Локалните медиуми пренесуваат дека Пленковиќ бил буден и стабилен кратко по интервенцијата, која започнала околу 19 часот и завршила два и пол часа подоцна.
Тој беше активен и во текот на денот пред операцијата – присуствуваше на свеченоста за завршување на изградбата на гасоводот Злобин-Босилјево. Според лекарите, срцевата аритмија со која се соочува не е опасна, но била потребна интервенција за да се спречат потенцијални компликации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…