Хрватски голман за земјотресот во Турција: Беше ужасно, не паднаа само облакодерите!
Поранешниот голман на репрезентацијата на Хрватска, Марио Галиновиќ (46 години), подолго време работи во турскиот град Газиантеп, кој утринава беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 7,7 степено според рихтеровата скала.
Тој буквално од епицентарот сведочи за ужасот со кој се соочил со сопругата.
„Голема катастрофа. Не можам да ниту да опишам колку сме шокирани, еве три часа подоцна седам со сопругата во автомобилот, чекаме сѐ да престане. По големиот потрес, имаше уште еден малку послаб. Ситуацијата е ужасна, вели Галиновиќ, а пренесува „Вечерњи лист“.
Истакнува дека најсилниот потрес траел дури минута ипол.
„Можете да замислите како сѐ се тресеше. Брзо истрчавме надвор, чекавме зад нашиот облакодер за да се смири. Преживеаја само облакодерите и тоа тие подобро направени“, дополни Хрватот.
Галиновиќ кариерата ја почна во Осијек, а бранеше и за Камен Инград, Панатинаикос, Кавала и за Керкира. Во разорниот земјотрес, кој рано утрината го погоди пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија, загинаа над 600 лица, а повеќе од 2.600 се повредени.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Безбеден град“ ги стигна и странските возачи…
Преку системот „Безбеден град“ почнаа да се…
Трамп: „Ќе се сретнам со Ким Јонг…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Голем колку јајце од ној — лекари…
Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен…
Над 72 отсто од отпадните води во…
Иако повеќе од 90 отсто од испитаните…