Хрватски епидемиолог предупредува: Во наредните денови ќе се случи вистинска „експлозија“ на нови случаи заразени со омикрон

t

Хрватскиот епидемиолог, д-р Дијана Мајер предупредува дека во наредните денови ќе се случи вистинска „експлозија“ на нови случаи заразени со омикрон варијантата, како во Хрватска, така и во другите земји и дека во прашање се само денови кога ќе се почувствуваат вистинските последици.

Имавме празници, луѓето скијаат, а наставата почнува следниот понеделник. Сега е многу непријатен период, имаме неколку фактори. Очекуваме за десет дена до две недели да видиме каква ќе биде реалната ситуација. Порастот на дневните бројки веќе се забележува и тие бројки многу веројатно е дека ќе растат уште повеќе. Имавме дружења од Бадник па наваму. Последиците полека ќе ги чувствуваме во однос на зголемување на бројот на нови случаи. Само се надевам дека нема да има влијание врз бројот на хоспитализирани, односно дека е омикрон, кој дава полесна клиничка слика, вели епидемиологот од ХЗЈЗ Дијана Мајер.

Истовремено посочува дека и во овој период новозаразените имаат поблаги клинички слики, но дека и понатаму е потребна голема внимателност, зошто се уште нема доволно податоци во која насока ќе напредува болеста кај дел од пациентите.

Мајер додава дека има големи гужви за тестирање, односно за правење ПЦР-тестови, но нагласува дека индикациите за тестирање треба да ги поставува матичен лекар, а не луѓето самоиницијативно да се тестираат.

Не е исто кога некој има само повремено кивање, течење на носот, или постојано кашлање. Многу е важно колку долго траат симптомите. Некои сакаат веднаш да се тестираат, а тоа не е неопходно. Важно е да се однесувате одговорно, да не излегувате од дома. Не можете да погрешите ако се однесувате како да се позитивни на корона, вели Мајер.

Според пулмологот од КБЦ-Загреб, Саша Шриќа, сепак нивните капацитети се „полнат“.

Имаме широк спектар на пациенти. Тешко е да се каже кои од овие пациенти се заразени со делта, а кои со омикрон, посочува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…

Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…

Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…