Објавено на:

Хрватско МНР до граѓаните: Не патувајте за викенд во Србија

t

Хрватското Министерство за надворешни работи денеска ги повика хрватските граѓани да ги одложат патувањата во Србија поради најавениот голем студентски протест што ќе се одржи в сабота во Белград.

На хрватските граѓани кои утре и на денот на протестот ќе се најдат во Белград особено им се препорачува да ги избегнуваат правците за приод до собирните места и поголемите групи граѓани, како и самите собирни места, притоа да го намалат непотребното движење низ градот пред, за време и веднаш по протестот, се вели во соопштението на Министерството.

Исто така, се истакнува дека за време на протестот може да се очекуваат прекини во сообраќајот, како и насочување на сообраќајот од страна на полицијата на местата во близина на собирот и на сообраќајните правци кои водат до собирното место.

„Се препорачува да се одложат сите патувања кои не се неопходни, да се биде внимателен, да се следи моменталната состојба и да се обезбедат подетални информации пред патувањето поради евидентираните несоодветни и неосновани постапувања на властите на Република Србија кон хрватските граѓани“, пишува Министерството.

На хрватските граѓани им се советува и да избегнуваат места каде се собираат голем број луѓе.

„Во случај на потреба, хрватските граѓани имаат право во секое време да се обратат до Амбасадата на Република Хрватска во Република Србија“, пишува Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Ги молам државните органи да си…

Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…

Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…

Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…

Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…

Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент

Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…