Хуан Мануел Фанџо: Евангелие по Фанџо

t

Великани на светскиот спорт (5.)

Шампион во автомобилизмот. Поточно шампион во Бундеслигата на автомобилизмот, Формула 1, најголемиот автомобилистички циркус во светот. Прв и најголем. Половина век ненадминат. Повеќе од 45 години Мануел Фанџо беше рекордер по бројот на освоени шампионати во Формула 1, вкупно пет, сè додека рекордот не му го собори Михаел Шумахер. Но и кога го надмина големиот спортист од Германија, му симнуваше капа или поточно кацига на Аргентинецот. “Фанџо е за мене скалило повисоко отколку што се гледам себе. Неговите победи ги постигна исклучиво со свое умеење”, изјави Шумахер, алудирајќи на тоа каква потпора во боксовите имаат денешните Ф-1 возачи, со тимови зад себе, со технологија и електроника, со напредни системи за полнење гориво и менување гуми, со радиоврски и сè друго без кое денес е незамисливо да се излезе на писта.

Хуан Мануел Фанџо е роден во 1911 година во аргентинското гратче Балкарке, во провинцијата на Буенос Аирес, педесетина километри западно од популарната Мар Дел Плата. Релативно доцна и во години започнал со автотрки со форд А-модел од 1929 година, којшто сам го приспособил за таа намена. Подоцна премина на шевролет, па во 1940 и 1941 година стана национален првак на Аргентина.

Познато е дека во Аргентина не постои човек без прекар, од најобичниот до најславниот. Автомобилскиот ас од завидливците беше нарекуван ЕЛ ЧУЕКО што означува „кривоног” но за останатите Фанџо беше ЕЛ МАЕСТРО. Аргентинската влада и еден автоклуб го финансираа неговиот прв настап на автотрки во Европа во 1948 година. Во истата година влезе во натпреварите Формула 1, како дебитант, но на 37-годишна возраст, што за денешни услови е непоимливо. Првиот настап го имаше со симка во 1948 година во Ремс, но мораше предвреме да ја заврши трката. Наредната година се префрли на масерати 4 ЦЛТ/48 и од шест извозени трки победи во четири. Во 1950 г. го возеше конкурентното алфа ромео, до крај извози само три трки, но победи во сите три колку и Џузепе Фарина, кој стана светски првак поради еден пласман на четврта позиција.

Фанџо е петкратен светски првак во Формула 1. Прв пат станува шампион во 1951-та, а потоа следуваше неповторлива серија од четири освоени титули со Масерати, Мерцедес, Ферари и повторно Масерати. Сево ова го направи во време кога имаше конкуренција во прославени возачи како што беа Џузепе Фарина, Алберто Аскари, Стирлинг Мос… Тоа беа години на апсолутна доминација на Фанџо којшто освои 5 светски титули со 24 победи на трките Гран-при од вкупно 51 на која настапи, што значи дека победувал речиси на секоја втора. Овој процент (47,06) на победи и до ден денес не е надминат. И покрај тоа што беше најбрз од сите, и покрај тоа што за денешни сфаќања овие возачи возеа небезбедни болиди, во кои и една најмала грешка често значеше и загубен живот, големиот Фанџо успеа да ја заврши кариерата без да направи инцидент, за сите години на пистите не доведувајки го во опасност ниту својот живот, ниту на останатите Ф-1 возачи.

Фанџо е познат и по една работа што нема врска со автомобилизмот. Тој на 23 февруари 1958 година беше киднапиран од бунтовници од Куба, кои побараа пари за негово ослободување. Но, откако видоа каков човек киднапирале, и увидувајќи ја својата грешка, бунтовниците едноставно самите го ослободија, без да добијат откуп за него. За овој настан беше снимен филм „Операција Фанџо“ во режија на Алберто Лачи. Инаку, Фанџо доживеа длабока старост. На 80-годишна возраст власта му ја одзеде возачката дозвола поради старосна граница. Шампионот одговори со предизвик – растојанието од Буенос Аирес до Мар Дел Плата од 400 километри по автопат, изјави дека ќе го извози за помалку од два часа. Власта се попишмани, му ја врати возачката дозвола со извинување до шампионот. Четири години подоцна, Фанџо почина на возраст од 84 години.

Воведен е во Мото-спорт куќата на славните во 1990 година, а во родниот Барцелео е изградеи Музеј “Мануел Фанџо”. Во многу градови во Аргентина и во светот, постојат негови бисти, спомен за времињата што овие градови ги врзувале за ЕЛ МАЕСТРО. Покрај него противниците не можеа да дојдат до израз. Едноставно не се забележуваа. Остануваа незабележени. Но секогаш го почитуваа и му изразуваа респект. Неговото возење беше вистинско автомобилско “Евангелие по Фанџо“. Освоените пет титули се доволно јасен показател за неговиот несекојдневен талент. Севкупните негови постигнувања во Формула 1 сè уште блескаат како ѕвезди на реминисцентното автомобилистичко небо. Неговите титули не беа достигнати по десетина години, поради што тој станува универзален првак на сите времиња. Со тек на времето прерасна во институција и икона по која се смета времето во новата автомобилистичка ера. Секогаш кога ќе се појави нова ѕвезда во Формула 1 се вели: “Вози како Фанџо“, “Брз е како Фанџо“, “Победува во стилот на Фанџо“ и “Шампион кој потсетува на Фанџо“. Му се препишува мислата со која велел дека “секогаш мораш да се трудиш да бидеш најдобар, но никогаш не смееш да поверуваш дека си го постигнал тоа“. Легенда на автомобилизмот за која се зборува од генерација на генерација, Вистински автомобилски и спортски светец.

Пишува: Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…