Хуманитарна акција за помош на семејствата на уставобранителите, еве каде, како и што можете да донирате!

t

Хуманитарна акција за помош на семејствата на уставобранителите организира скопјанецот Кристиан Јандриоски кој објасни што е потребно за помош на семејствата.

– Ве молам за внимание!

Како што имав навестено по повод новата школска година, почињаме со акцијата за собирање помош за семејства на Уставобранители. Собирањето помош ќе се состои во собирање храна, и облека за деца.

Од храна…
Потребни се сувомесно, зденка, маслинка, кашкавал, сирење, конзерви (туна, паштета, нарезак), тестенини,тетрапак млеко, тегла салати (цвекло, руска и слично), супи и слично. Храна која ќе има подолг рок на траење.

Овај пат собираме помош и во облека, за помали дечиња. Облека која нема да е носена, без разлика колку и да е чиста и зачувана., Сакам на тие дечиња да се потрудиме да им купиме облека која ќе е нова и ќе направи да се чуствуваат поубаво и топло од емоции за време на празниците. Никој не бара брендови и скапа облека, напротив, облека која ќе е нормална и со пристапна цена за секој. Тие деца заслужуваат да одвоиме по малку за да добијат тренерка, блузичка или што и да е, и да е соодветно подарено.

Потребна е облека за …
Женски дечиња две едно од 6, едно од 14 години.
Машки дечиња две по 6 години.

Вашето споделување на овај статус, е исто така од голема важност и помош!

Браќа и сестри, кој колку може и што може, и сите заедно да придонесеме да разубавиме им го олесниме периодов на луѓе кои премногу дадоа за Македонија.

Благодарам на вашето внимание!

Организацијата е народот и народот е организацијата! – напиша Јандриоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција за апсење во Краљево, буџетот…

Во Краљево денеска се уапсени 15 лица,…

Митовски: Зошто ДПМНЕ не поднесат амандмани за…

ВМРО-ДПМНЕ најави излегување од Собранието поради Предлог-законот…

(Видео) Филмска акција на МВР: Запленета дрога…

На 14.04.2023 полициски службеници од Одделот за…

Запленети половина тон тутун за наргиле и…

Во заедничка акција на инспектори од Секторот…

Голема акција на МВР во скопски угостителски…

На 23.10.2022 во временскиот период од 00.00…