Хутите пресекоа четири подводни кабли во регионот, загрозена комуникацијата меѓу Европа и Азија
Успешното сечење на четири кабли, за кои се верува дека припаѓаат на AAE-1, Seacom, EIG и TGN, претставува сериозно нарушување на комуникациите меѓу Европа и Азија.
Израелскиот информативен сајт „Глобс“ во свој екслузивне извештај наведува дека во последните неколку месеци од употреба се повлечени четири подводни комуникациски кабли меѓу Саудиска Арабија и Џибути, а тоа е направено веројатно како резултат на нападите на јеменските бунтовници Хути, кои ја имаат поддршката на Иран.
Најголем дел од непосредната штета ќе ја почуствуваат земјите од Персискиот залив и Индија, наведе „Глобс“.
Кабелот AAE-1 ја поврзува Источна Азија со Европа преку Египет, поврзувајќи ја Кина со Западот преку земји како Пакистан и Катар.
Кабелскиот систем Europe India Gateway (EIG) ја поврзува јужна Европа со Египет, Саудиска Арабија, Џибути, ОАЕ и Индија.
Кабелот Seacom ги поврзува Европа, Африка и Индија и е поврзан со Јужна Африка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…
Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…
Во тешка работна несреќа што се случила…
Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…
Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…
ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…