Објавено на:

ХУТИТЕ СЕ ОГЛАСИЈА, ИЗРАЕЛ ИСПРАТИ БРОДОВИ: „Ќе гаѓаме додека не престане агресијата врз браќата“

t

Владата на Хутите од градот Сана во Јемен соопшти дека лансирала беспилотни летала и проектили против Израел како поддршка на палестинската кауза и дека ќе продолжи да го прави тоа, „додека не престане израелската агресија“. Најмалку еден проектил прелета над Саудиска Арабија, ставајќи ја воздушната одбрана на кралството во состојба на готовност.

Хутите се шиитска милиција која насилно дојде на власт во Јемен во 2015 година. Пред 10 дена тие ја презедоа одговорноста за три ракети истрелани кон Израел. Ракетите тогаш беа пресретнатни до американски брод во Црвеното Море.

За истреланите ракети од вторникот владата на Хутите вели дека тоа е „трета операција за поддршка на нашите угнетени браќа во Палестина“.

– Нашите вооружени сили лансираа голема серија балистички и крстаречки ракети и голем број беспилотни летала на различни цели на израелскиот непријател на окупираните територии – изјави бригадниот генерал Јахја Сари, портпарол на јеменските вооружени сили.

Израелската армија денеска соопшти дека го зголемила своето присуство со ракетни бродови во областа на Црвеното Море со ракетни бродови по неколкуте напади на проиранските Хути. Армијата пресретната ракета и две беспилотни летата истрелани од Јемен.

Уште една „мета“ е пресретната рано утринава во близина на градот Ејлат на самиот југ од земјата.

Истовремено, американската војска е распоредена и во регионот на Црвеното Море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…