Објавено на:

Цареви! Руските пренкери ѝ се јавија на Санду: “Молдавија е спремна да ѝ даде територија на Украина!”

t

Претседателот на Молдавија до руските пренкери: Подготвени сме привремено да и дадеме дел од територијата на Украина.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека нејзината земја е подготвена да ѝ предаде дел од својата територија на Украина на неколкугодишна употреба.

Тоа им го кажала на руските пренкери Вован и Лексус мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигалија.

„Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја разгледаа територијата, која ние сме подготвени да ви ја отстапиме, засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја која ќе можете да ја користите во следните неколку години“, изјави Санду во разговор со руските шегобијци.

Таа го предложи, откако технички експерти дојдоа и ја разгледаа територијата, но не добија одговор од молдавските власти.

Ме интересира дали сè уште сте заинтересирани за овој предлог или најдовте друго решение“, рече Санду во своето обраќање до „украинскиот премиер“.

Пренкерите го објавија видеото на Telegram.

Администрацијата на претседателот на Молдавија соопшти дека видео снимката од разговорот на Маја Санду со руски пренкери е фалсификат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…