Царината заплени 27.000 евра на ГП Богородица!

t

На 18.07.2023 година околу 20:00 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин.

При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им  се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани.

Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дводневен штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај…

Почнувајќи од вечерва на полноќ (02.04.2024) до…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Жена се обидела да прошверцува 1.700 кутии…

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700…

Богоев: Дигитализација за намалување на корупцијата во…

Директорот на царина, Стефан Богоев во неделното…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…