Царина ќе наплати 2 милиони денари, одземени влекач и цистерна во вредност од над 3 милиони денари

t

Царинската управа ќе наплати 2 милиони денари, пари што што ќе се слеат во Буџетот, откако фирма од Скопје се обидела да избегне плаќање на увозни давачки за 12.536 метри кубни гас аргон со вкупна вредност од 1.555.108 денари. Со пресуда на суд фирмата треба да ја плати вредноста на стоката предмет на царинскиот прекршок, избегнатите увозни давачки од 371.670 денари, и глоба за прекршокот во висина од 150.675 денари.

-Имено превозникот од Молдавија при влез во државата наместо да ја царини стоката истата ја истоварил директно во фирмата увозник и се обидел да излезе од државата преку Табановце без документ за оцаринета стока. На граничниот премин Табановце царинските службеници по извршениот увид на документацијата, утврдиле дека не се наплатени соодветните увозни царински давачки односно дека не е завршена увозна постапка, по што случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, стои во соопштението.

Инспекторите пристапија кон целосно расчистување на случајот по што сите докази се предадени на Основниот суд Куманово, од каде е изречена пресуда за одземање на влекачот и цистерната во вредност од 3.161.084 денари, да ја плати вредноста на гасот, избегнатите царински давачки и глобата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ