Царините на Трамп ги зближија Кина, Јапонија и Јужна Кореја?
Кина, Јапонија и Јужна Кореја се согласија заеднички да одговорат на американските царини, објави во понеделникот социјален медиум поврзан со кинеската државна телевизија CCTV.
Договорот дојде откако министрите за трговија на трите земји во неделата го одржаа својот прв економски дијалог во последните пет години, настојувајќи да ја олеснат регионалната трговија додека азиските извозни сили се борат против царините наметнати од САД.
Јапонија и Јужна Кореја бараат да увезуваат полупроводнички суровини од Кина, а Кина во исто време е заинтересирана за купување чипови од двете земји, пишува „Ројтерс“.
Во објавата се наведува дека сите три страни се договориле да ја зајакнат соработката во синџирите на снабдување и повеќе да разговараат за контрола на извозот.
За време на состанокот во неделата, министрите се согласиле да „работат тесно заедно на сеопфатни дискусии на високо ниво“ за договорот за слободна трговија меѓу Јужна Кореја, Јапонија и Кина за промовирање на „регионалната и глобалната трговија“, се вели во соопштението објавено по состанокот.
Министрите се состанаа пред планираното соопштение на американскиот претседалте Доналд Трамп за дополнителни царини во среда, што тој го нарекува „ден на ослободувањето“, а истовремено менувајќи ги трговските партнерства на Вашингтон.
Пекинг, Сеул и Токио се главните трговски партнери на САД, иако тие беа во несогласувања меѓусебно за различни прашања, вклучително и територијални спорови и испуштањето на отпадните води од хаварисаната јапонска нуклеарна централа Фукушима.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Голем банкарски системски прекин во Јапонија: 128…
Голем системски дефект денеска го парализираше работењето…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…