Царинска управа: Спречена нелегална трговија на брендирани производи, криумчарење на цигари и нелегален изнес на девизи
За време на изминатите денови и во текот на вчерашниот ден царинските инспектори и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење и тоа:
– Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон”, „Армани”, „Гучи” и часовници „Ролекс”. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост.

– На граничен премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавија дека истите ги купиле на фри – шоп. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари.
– Спречен обид за нелегален изнес на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни седум илјади долари кои што македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Табановце. На лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, му се вратени две илјади евра, а останатите се запленети. Против него е поднесена пријава за девизен прекршок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
500.000 ЕВРА ПРОНАЈДЕНИ ВО СПЕЦИЈАЛНО КОНСТРУИРАН БУНКЕР…
На граничниот премин Табановце е спречен обид…
Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…
Странец сакал да прошверцува 150.000 фунти на…
Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле…
Мобилните царински тимови во 2025 со 271…
Мобилните царински тимови во текот на 2025…
ОЈО ГОКК: Сѐ уште трае акцијата за…
Во рамките на опсежната акција што се…