Царовска не дозволила деца да се запишат во училиште

t

Шокантни информации на денешната седница на советот во град Скопје открива заменик градоначалничката на градот, Бујаре Абази.

Од говорницата Абази открива дека неколку месеци министерството за образование на чело со министерката Мила Царовска не дозволувало отворање на паралелка во која наставата ќе се спроведува на албански јазик во училиштето Владо Тасевски.

Иако постоел интерес и потребен број на ученици Царовска два пати дала негативно мислење за отворање на паралелка за електроника и комуникации во која наставата ќе се одвива на албански јазик.

-На 15 септември минатата година, директорот на средното училиште Владо Тасевски се обратил до министерството за образование со едно барање за запишување на ученици. Мене навистина ми беше нејасно зошто ова писмо не е стигнато до градот Скопје бидејќи тоа е под надлежност на градот, а потоа да биде испратено до министерството. Комуникацијата била помеѓу директорот и министерството. Во врска со ова писмо министерството му одговорило негативно на директорот. Значи не дозволило да се отвори паралелка на албански јазик. Друго писмо испратено на 24 септември од училиштето повторно пристига во министерството, барајќи да се отвори паралелка на албански јазик, повторно Мила Царовска дала негативен одговор. На 23 ноември е третото писмо кое училиштетот го упатува до министерството, јас лично не сум била запознаена со предметот. Дури по третото писмо министерството дава позитивно мислење. на 26 ноември се известува градот дека има позитивно мислење за отворање на ваква паралелка. Инаку станува збор за паралелка за една паралелка за електроника и комуникации и се учи на наставен албански јазик. Министерството не дало никакво образложение зошто претходно дало негативно мислење за отворање на паралелка на албански јазик, за на крајот да дозволи вакво нешто.

За иронијата да биде уште поголема токму Царовска имаше уста полна со инклузија и почитување на разликите, а зад сцената не дозволувала граѓаните од албанска етничка припадност да учат на својот мајчин јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Европската Унија издвои шест милијарди евра за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…

Жителите на Бор палат свеќи за малата…

Жителите на Бор вечерва палат свеќи и…