Објавено на:

ЦАР – Лазаров: Да земев хрватски или унгарски пасош ќе беше предавство кон Македонија

t

Пензионирањето на Кире Лазаров одекна гласно во цела Европа, а посебнбо во земјите во кои тој директно остави трага, како Шпанија. Мина шест години во прочуената АСОБАЛ-лига, три во Сиудад Реал/Атлетико Мадрид, четири во Барселона и затоа неговото повлекување од ракометот го одбележаа и тамошните медиуми. Во интервју за „Мундо депортиво“, Лазаров сподели дел од своите мисли, а спомна и за репрезентативната кариера со Македонија.

Колегите од реномираниот шпански весник го прашаа за можноста да биде натурализиран, своевермено и да игра за репрезентациите на Хрватска или на Унгарија, а Лазаров одговори дека тоа го израмнува со предавство.

„Тоа беше нешто што не го чувствував, а ако нешто не го чувствувате како што треба или не сте мотивирани, тогаш немојте да го правите. Иако знаев дека, ако играм за тие репрезентации ќе освојувам медали и титули, сепак ќе беше предавство да се откажам од мојата земја и затоа никогаш не го прифатив“, рече Лааров.

Се разбира, проговори за одлукаа да се пензионира, иако со веќе полни 42, неколку години наназад тоа прашање висеше во воздухот, а тој продолжуваше професионално да ги извршува и клупските и репрезентативните задачи.

„Го вложив целото мое срце во кариерата, работев со голема професионалност и ентузијазам, иако знаев дека на мои години не е лесно да играте на највисоко ниво, во клуб со големи амбиции и во силна лига како француската. Беше тешка одлука, но ја имав на ум веќе некое време. Не сакав да објавам прерано, иако знаев веќе некое време дека ова е мојата последна сезона. Сакав да останам професионален и мотивиран до крајот, како и во целата моја кариера. Бидејќи, кога нешто правите со љубов, вие сте способни да ги поместите границите“, вели Лазаров.

Извор: Спорт1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лазаров го изигра својот последен натпревар

Кире Лазаров го одигра својот последен меч…

Лазаров објави крај на кариерата

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…

Лазаров – Ова не е нopмално: Се…

Доктор Ненад Лазаров открива детали за хаосот…