Цела година ќе се „лази“ накај Охрид – ќе го крпат стариот пат додека го чекаме „историскиот“ автопат

t

Градежната компанија „Гранит“ од денеска ќе започне со активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на делницата Ботун – Климештани, каде, согласно издаденото oдобрение од Министерството за транспорт, се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата.

Оттаму додаваат дека според одобрението, времениот режим на овие две делници ќе се одвива од денес до 28 октомври 2026 година.

Ова значи дека и целата следна летна туристичка сезона, а и пред и по неа, сите што патуваат кон Охрид и Струга ќе возат забавено, по изменетиот режим, со наизменични делници и со работи на патот. Ваква е ситуацијата кон Охрид повеќе од една деценија откако се гради „историскиот“ автопат меѓу Кичево и нашиот најголем туристички центар. Вицепремиерот Александар Николовски во февруари годинава вети дека автопатот, кој се гради од 2014 година и досега ги чинеше граѓаните повеќе од 700 милиони евра, ќе биде завршен до крајот на 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од девојче кое живеело во дрвена куќа…

Доли Партон не беше само една од…

Што ја предизвика смртоносната поплава во Непал:…

Дел од глечер на надморска височина од…

Пет активни пожари на отворено, три се…

На територија на државата денеска до 18…

Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…

Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…

Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…

Девет луѓе беа убиени во украински напад…