Цела ЕУ денеска во Киев: Се одржува самит на Унијата
Украина и Европската унија ќе одржат Самит на 3 февруари во Киев, а не во Брисел и ќе разговараат за европската финансиска и воена поддршка, соопштија од Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во соопштението објавено од Кабинетот на Зеленски се посочува дека за средбата претседателот на Украина разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во првиот телефонски разговор годинава.
Со одлуката на состанокот во Киев се става крај на шпекулациите за можно ново патување на претседателот Зеленски во странство, по неговата ненадејна посета на Вашингтон во декември.
Европскиот парламент минатиот месец најави нова помош за Украина вредна 18 милијарди евра, што вклучува и испораки на „соодветно” оружје.
Украинскиот претседател инсистираше првата рата од помошта да биде исплатена уште во првиот месец на новата календарска година.
Самитот на 3 февруари нема да значи присуство на шефовите на држави и влади на ЕУ, туку ќе учествуваат само Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како што веќе најави портпаролот на Мишел, пренесе германската агенција ДПА.
Европскиот парламент во декември го прифати законодавниот пакет со кој се овозможува финансирање на Украина, а вклучува и 15-процентно оданочување на екстра-профитот на мултинационалните компании.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…