Цела Укpaина во шok по изјавата на Бајден: Американскиот претседател даде зeлeно светло за руска инвaзиja?

t

Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека предвидува дека Русија ќе ја „нападне“ Украина, но тој призна дека во НАТО има несогласување како да се одговори доколку има „помал руски упад“. Забелешката на Бајден предизвика незадоволство и шок во Киев, каде официјални лица се сретнаа со највисокиот дипломат од американската администрација, додека руските војници се собираат долж украинската граница.

Бајден претходно вети дека Русија ќе има економски последици доколку Путин испрати војници преку украинската граница, но во вчерашното обраќање тој сугерираше дека западните земји не се синхронизирани со тоа како да реагираат доколку има помал напад, пишува Си-Ен-Ен.

„Едно е ако се работи за мал упад и на крајот треба да се бориме што да правиме, а што не“, рече Бајден на прес-конференција.

„Но, ако навистина го направат она што можат со силите собрани на границата, ќе биде катастрофа за Русија ако започне понатамошна акција во Украина“, додаде тој.

Подоцна, кога беше прашан да објасни што мисли под „мал упад“, Бајден рече дека ја повлекол линијата на тоа „руските сили да ја преминат границата и да убиваат украински борци“.

„Мислам дека тоа менува сè. Зависи од тоа што точно ќе направи Русија, но и до кој степен можеме да постигнеме единство во НАТО“, рече Бајден.

Забелешките на Бајден следеа откако официјалните лица во САД, периодов го оценија како опасен, кога руската инвазија се очекува во секој момент. Признавајќи дека постои неизвесност за намерите на Путин, претседателот на САД рече дека верува оти рускиот лидер наскоро ќе ја нападне Украина.

„Не сум сигурен што ќе направи. Претпоставувам дека ќе влезе. Мора да го направи тоа. Се обидува да го најде своето место во светот меѓу Кина и Западот“, рече тој.

Украинските власти во шок

Изјавата ги запрепасти украинските власти, кои полагаа големи надежи за заштитата што може да ја обезбедат САД и НАТО. Еден од нив изјави за Си-Ен-Ен дека е „шокиран што Бајден направи разлика помеѓу упад и инвазија“ и сугерираше дека помалиот упад нема да предизвика санкции.

„Ова му дава зелено светло на Путин да влезе во Украина како што сака“, додаде функционерот, тврдејќи дека никогаш порано не слушнал таква нијанса во говорот на американската администрација.

„Киев е згрозен“, рече тој, мислејќи на украинската влада.

Се огласи и Белата куќа

Белата куќа се обиде да ги објасни забелешките на Бајден посочувајќи дека рускиот напад во сајбер просторот или преку паравоени сили ќе предизвика реципрочен одговор во споредба со сценариото во кое руските војници се префрлаат од своите позиции во Украина, пишува Си-Ен-Ен.

„Претседателот Бајден беше јасен во неговиот разговор со рускиот претседател, доколку некоја руска воена сила се пресели преку украинската граница, тоа е инвазија и ќе биде дочекана со брз, остар и обединет одговор од Соединетите Држави и нашите сојузници, напиша секретарката Џен Псаки. Се вели во соопштението на Белата куќа.

Сепак, признавањето на Бајден дека очекува инвазија е првпат еден од светските функционери отворено да зборува за намерите на Владимир Путин.

Извори од Белата куќа посочуваат дека САД целосно очекуваат Путин да изврши напад, откако ќе соберат 100.000 војници долж границата со Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Пентагон: Украина ќе ја добие помошта за…

Откако американскиот Конгрес го одобри пакетот воена…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…