Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и има показатели за квалитетот на кредитното портфолио
Алта банка е солвентна, банката е ликвидна и банката има показатели за квалитетот на кредитното портфолио кое што не отстапува значајно од соодветните показатели на ниво на банкарскиот систем. Од тие причини Народната банка како супервизорски орган оцени дека Банката може да продолжи да работи и затоа се воведе администрација, истакна Фросина Целеска, директорка на Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање на банки, на денешната Надзорна расправа за Алта ванка во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
На прашања од пратениците Јован Митрески, Тони Јаревски и Дијана Тоска, сведокот Целеска, посочи дека НБМ ги почитува законските решенија кои се усогласени според меѓународни стандарди.
-Состојбата со Алта банка е таква што таа може да продолжи да работи, а во рамки на администрацијата преземени се контролирани и добро дизајнирани мерки чија цел е Банката да може непречено да работи се додека не се најде друг сопственик, односно се додека не се замени сопственичката структура, и се со цел да се избегне најстрогата мерка, односно укинување на дозволата за работа и создавање услови за отворање стечајна постапка. Пристапот на НБМ во овој случај е прилично јасен, обезбеди контрола и стабилизирање на состојбите, да се согледаат ефектите од преземените мерки и кога условите ќе дозволат, тогаш ќе има пошироко користење на банкарските услуги. Како што може да се види, денеска има ослободување, односно намалување на ограничувањата и правните лица ќе може непречено да ги користат новите приливи на своите сметки – истакна Целеска.
Директорката на Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање на банки на денешната надзорна расправа потсети дека во Народната банка почитувањето на законските одредби е највисокото начело за вршење на сите функции во Народната банка, вклучително и супервизорската.
-Во 2021 година, Европската комисија донесе одлука со која утврди еквивалентност на банкарската регулатива и банкарската супервизија на НБМ со супервизорските и регулаторните барања и практики применети во ЕУ. За потребите на оваа оцена европскиот банкарски орган спроведе детална анализа која резултираше со позитивна оцена која што овозможи земјата во тој момент да биде 27 земја во светот за која е дадена таква позитивна оцена, заедно со други земји. Како резултат на ваквиот капацитет на НБМ и соодветноста на банкарската регулатива, НБМ има потпишано меморандуми за соработка со супервизорите на сите странски банки присутни во земјава преку нивни подружници, а има потпишано меморандум за соработка и со европскиот банкарски орган како еден од највисоките органи во Унијата за воспоставување соодветни регулаторни супервизорски рамки и со Европската централна банка. Ако НБМ нема доволен капацитет, професионалност и стручност, тогаш се претходно кажано немаше да се случи и тоа е во функција на почитувањето на законските одредби од страна на Народната банка – нагласи Целеска.
Надзорната расправа за Алта банка во комисијата за финансирање и буџет е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и…
Алта банка е солвентна, банката е ликвидна…
Кривична пријава против Вучиќ и Брнабиќ поради…
Пензионираниот главен даночен инспектор Душко Вуксановиќ денеска…
Две друштва за брзи кредити добија забрана…
Две финансиски друштва добија парични глоби и…
Си Џинпинг ја проширува чистката во врвот…
Кинескиот претседател Си Џинпинг продолжува со чистката…
Украдена Пресветата Причест од католичката црква „Свети…
Кражба во католичката црква „Свети Јосиф“ на…