Целосно е затрупано градилиштето кај Универзална, се пофали Герасимовски

t

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска се пофали на социјалната мрежа Фејсбук дека општината целосно го затрупала градилиштето на улицата „9 мај“. Станува збор за јама за изградба на објект за кој инвеститорот имаше градежна дозвола, но според општинските власти тој градеше надвор од одобрението за градба.

Случајот доби и големо медиумско внимание затоа што во еден момент пропадна и дел од улицата непосредно до градилиштето.

И почетокот на затрупувањето беше проследено од медиумите кои на покана на градоначалникот посведочија на почетокот на процесот во четвртокот (1 јуни 2023 година).

Во сличен временски период со градилиштето на „9 мај“, во јавноста беше објавен и случајот со нелегалната градба на државно земјиште на друга зграда и на друга локација, на т.н. „Пластичарска улица“ во Скопје. Таму, се уште се чека на постапување од надлежните.

Општината прво немаше избрано фирма за рушење нелегални објекти, па откако го стори тоа на јавна набавка МВР немаше полицајци кои би го обезбедувале рушењето. Кога се најдоа и полицајци, во засега не до крај јасна процедура, предметот го презеде Државниот градежен инспекторат и веќе два месеци оттаму не кажуваат – до каде се со случајот.

Пред повеќе од две недели и премиерот вети дека за дивоградбата ќе се разговара дури и на владина седница, но досега нема информација дека такво нешто се случило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Практичниот дел од правосудниот испит ќе…

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…

Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…

Две лица со автомобил се обиделе да…

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…

Уапсени петмина вработени во болница во Зеница…

По смртта на поранешниот атлетичар Кристијан Јосип…