Целосно затворен патот Градско-Прилеп, едно лице повредено
Од 19:55 часот на магистралниот пат А-1, Градско-Прилеп, кај с.Раец, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин, велат од АМСМ.
Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош – Кавадарци, за МИА вели дека едно лице е повредено.
– Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов.
Биљана Ѓаковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Велес, исто така, потврди за МИА дека имало сообраќајка на магистралниот пат Градско – Прилеп кај Раец, меѓу две товарни возила. Таа истакна дека во тек бил увидот на лице место и засега не може да каже повеќе детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…