ЦЕЛ МЕСЕЦ ГОЛГОТА: Се трага по исчезнати мајка и ќерка во Македонија

t

Семејството, роднините и пријателите речиси месец дена ги бараат исчезнатите мајка и ќерка од кумановската населба „Бавчи”. Денеска до медиумите се обрати и советникот Самет Салиевски кој побара каква било информација од граѓаните за 32- годишната Сабина Сабединовска и нејзината седумгодишна ќерка, Елиф. Тој ги повика граѓаните доколку имаат каква било информација да се јават на 071/ 329-068 или во најблиската полициска станица.

Секторот за внатрешни работи Куманово информираше дека на 9 септември годинава во 14:30 часот во СВР Куманово И.Н.(59) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата внука С.С.(32), која со себе ја повела и нејзината малолетна ќерка. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Дежурниот обвинител од Куманово усно е информиран за настанот, велат од Основно јавно обвинителство Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Успешна евакуација на првата група македонски државјани…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни…

Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца…

ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…

*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…

Скопјанец со возило сакал да ја прегази…

Уште еден случај на семејно насилство во…

Први ефекти од војната меѓу Израел и…

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…