Цената на гасот во Европа достигна 2350 долари за 1000 кубни метри!

t

Цената на гасот во Европа се зголеми за 12 отсто и со тоа достигна 2.350 долари за 1.000 кубни метри на почетокот на тргувањето во средата, покажуваат податоците на лондонската берза ICE!

Така, фјучерс договорите за испораки во август (на индексот TTF) ја отворија сесијата на 2.206,6 долари за илјада кубни метри.

Речиси веднаш следеше скок до 2.235,5 долари (+6,5 отсто), потоа стапката на раст малку забави, но набрзо достигна 2.350 долари за илјада кубни метри.

Да потсетиме, цената на гасот силно скокна во понеделникот, откако „Газпром“ објави план за намалување на испораките од Русија преку клучниот гасовод од Русија до Европа, Северен тек 1, од 27 јули.

Тие нема да надминат 20 отсто од проектираниот капацитет на гасоводот и нема да надминат 33 милиони кубни метри дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц откри кој би можеч да ја…

Пет земји би можеле да ја претставуваат…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

РЕЧИСИ 50 МИЛИОНИ ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА…

Речиси 50 милиони жители на Европската Унија…

Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…

Индија од 2023 година наваму продала на…