Цената на гасот во Европа падна под 1000 долари за 1000 кубни метри

t

Цената на гасот во Европа падна под 900 долари за 1000 кубни метри, за прв пат после шест месеци, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Иако индексот на најголемиот европски центар „TTФ“ го отвори тргувањето во црвено – близу 960 долари за илјада кубни метри, во текот на денот цената се намали за 11 отсто и за прв пат во последната половина година падна под 900 долари – на 897,2 долари.

Земјите од Европската унија претходно постигнаа политички договор за лимитот на цената на гасот во рамките на механизмот за корекција на пазарот.Цената на гасот ќе биде ограничена на 180 евра за мегават час или 1,85 евра за илјада кубни метри, што е повисоко од сегашното ниво на цените. Според чешкото претседателство со ЕУ, договорот е постигнат речиси едногласно. Ограничувањето на цените во Европската унија ќе биде воведено од 15 февруари.

Според западните медиуми, високата цена на енергијата во Европа предизвикала најголема инфлација во последните неколку децении.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

РЕЧИСИ 50 МИЛИОНИ ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА…

Речиси 50 милиони жители на Европската Унија…

Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…

Индија од 2023 година наваму продала на…

Цените на гасот во Европа за првпат…

Цените на гасот во Европа пораснаа за…

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…