Цената на гасот во Европа утринава порасна за 35%
Цената на гасот во Европа утрово порасна за 35 отсто, надминувајќи го нивото од 1.400 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Гасот за испорака во март беше договорен во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.414,5 долари за илјада кубни метри, што е 120 евра за мегават час.
Во исто време, медиумите јавуваат дека протокот на природен гас преку гасоводот Јамал-Европа кон Полска денеска е преполовен, а се уште не се знае дали намалувањето на протокот е поврзано со развојот на ситуацијата во Украина.
Украина е втората голема транзитна рута за извоз на руски гас во Европа, додава британската агенција, наведувајќи дека руската државна гасна компанија Газпром го одбила барањето за коментар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…