Цената на златото достигна нов рекорд на њујоршката берза

t

Цената на златото за итна испорака достигна нов историски рекорд на њујоршката берза КОМЕКС, откако на отворањето ја надмина границата од 5.300 долари за унца.

На почетокот на тргувањето, златото се продаваше по цена од 5.306 долари за унца, што претставува раст од 4,4 отсто. Во текот на денот, цената благо се намали и се стабилизираше на околу 5.285 долари за унца.

Златото за испорака во февруари исто така забележа раст и достигна цена од 5.302 долари за унца.

Во исто време, цената на среброто за испорака во март изнесуваше 114,68 долари за унца. Од почетокот на годината, среброто поскапе за речиси 60 отсто. Пораст е забележан и кај платината – цената за испорака во април порасна за 5,45 отсто и достигна 2.675 долари за унца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…

Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани…

Повеќе од два часа главниот град е…

Гори комбе во Кисела Вода во близина…

Гори комбе на улицата Ѓорѓи Сугаре, во…

„Венко е сосема одлепен од реалноста, она…

„Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите…