Цената на златото падна на најниската вредност во последните две години

t

Цената на златото падна на најниската вредност во последните две години, по период на интензивен раст.

Експертите тврдат дека зад падот на цената на златото стојат две причини, пишува Спутник.

Цената на златото на светскиот пазар падна во првата половина на септември под границата од 1.700 долари за унца, првпат од март-април 2020 година.

„Пазарот на злато реагираше на намерите на американската централна банка да воведе нови мерки во борбата против инфлацијата“, изјави Карстен Менке, главен истражувач во Јулиус Бер, една од најстарите швајцарски банкарски институции. Причината за тоа е што се очекува зголемување на каматните стапки поради мерките на американската централна банка, кои на инвеститорите им ветуваат поголема заработка за вложување пари од златото, што носи помали приноси.

Цената на златото е нормално чувствителна на нивото на каматните стапки во САД, бидејќи нивниот раст ги привлекува инвеститорите да даваат пари „на камата“ наместо да ги инвестираат во купување злато, според експертите. Вредноста за унца падна за дури 380 Долари од март кога го достигна врвот и кога американската централна банка ги подигна каматите за прв пат после 2018 година, пренесува Ројтерс.

Друга причина е зајакнувањето на доларот на светскиот финансиски пазар, што според експертите го поскапува купувањето злато за инвеститорите надвор од САД.

Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, неодамна изјави дека банкарите мора да бидат истрајни во борбата против раширената инфлација, а експертите тоа го гледаат како причина за промена на цената на унцата.

„Растот на потрошувачките цени е главниот двигател на слабеењето на цената на златото“, вели Џовани Стауново, аналитичар во најголемата швајцарска банка УБС. Тој објаснува дека повисоките каматни стапки најверојатно ги повлекуваат инвеститорите од пазарот на злато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Мирен изборен ден во фер и…

Денешниот изборен ден помина мирно во фер…

(Видео) Јакимовски: Покажавме дека можеме да организираме…

- Моите искрени честитки до сите граѓани…

Нека победи најдобриот: Затворени гласачките места!

Во 19 часот затворени се избирачките места…

До 18 часот излегле 47,61% од гласачите,…

Излезеноста на претседателските избори до 18 часот…

Во Шуто Оризари излезност од само 24,31%

Карпош, Аеродром и Центар со проценти над…