Цената на нафтата падна под 108 долари за барел
Цената на Брент се спушти под 108 долари за барел, додека инвеститорите ги следат тековите на нафта низ Ормутскиот теснец и ризиците од нови напади во регионот- пишува Ројтерс. Цените на нафтата забележаа пад, при што северноморската нафта Брент се тргуваше под 108 долари за барел, а американската сурова нафта се движеше околу 97 долари. Поголемите испораки од Блискиот Исток ги намалија стравувањата од недостиг на снабдување, иако безбедносните ризици во регионот остануваат високи.
Според пазарните информации, инвеститорите внимателно ги следат испораките низ Ормутскиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси. Иранската револуционерна гарда соопшти дека поморски мини запреле три танкери кои се обиделе да поминат по рути што Техеран ги смета за неовластени. Британските поморски власти, пак, пријавија дека брод бил погоден во близина на брегот на Оман.
И покрај овие инциденти, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека испораките на нафта преку теснецот се приближуваат до нивото пред војната. Податоците од компаниите за следење на поморскиот сообраќај Kpler и Vortexa, исто така, укажуваат на закрепнување на извозот од поширокиот регион на Блискиот Исток. Сепак, ризикот од нови напади врз бродови и енергетска инфраструктура продолжува да ја зголемува неизвесноста на пазарот. Јеменските бунтовници Хути презедоа одговорност за напади врз објекти на саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“, вклучително и во пристаништето Јанбу и нафтеното поле Шајба, како и врз аеродромите во Ријад и Абха.
Инвеститорите ги очекуваат и податоците за американските резерви на сурова нафта. Американскиот институт за нафта (API) објави дека залихите минатата недела се намалиле за 4,9 милиони барели, што може да влијае врз понатамошното движење на цените.
Пазарот останува под влијание на две спротивставени сили: надежта дека испораките ќе продолжат да се нормализираат и стравувањата дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток повторно ќе го наруши глобалното снабдување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата падна под 108 долари…
Цената на Брент се спушти под 108…
Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…
Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…
Цената на нафтата падна по најавата на…
Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…
Цените на нафтата скокна на 106 долари
Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…
Саудиска Арабија откажува и одложува испораки на…
Саудиската државна компанија „Арамко“ откажа или одложи…