Објавено на:

Цената на становите ќе стагнира пренесуваат консултантите за недвижности

t

Стагнација на цената на метар квадратен. По вртоглавиот пораст изминатиов период, посебно во главниот град, консултантите за недвижности велат дека не може да се очекува пад. Цените или ќе останат исти или ќе одат нагоре. Причините за растот ги гледаат во поскапените материјални за градба, а не во зголемената побарувачка.

– На среден рок, се оценува дека нема да има драстично поскапување на становите, под услов да не растат цените на материјалите. Пазарот е избалансиран, нема непродадени испорачани станови, па цените никогаш нема да се намалат, туку пазарот ќе се сегментира со премиум локации за живеење, а Центар и Карпош ќе останат најскапи затоа што таму веќе нема локации за градење, изјави Олга Девенџи, консултант за недвижнини.

Минатата година само во главниот град биле продадени 4.500 станови, по просечна цена од 1.270 евра. Квадратот најмогу поскапел во населбите Карпош и Аеродром. Во услови кога каматите на заштедите се речиси нула, граѓаните вишокот пари го вложуваат во недвижнини, како најсигурна инвестиција. Наредниот период се очекува сликата да се промени по преземените чекори на Народната банка, со цел да се заострат критетирмите за одобрување нови кредити и да се зголемат каматите. Инаку, низ државата од вкупно 840 илјади станови, 37% или нешто над 307 илјади се празни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…