Цените на бензинот во САД достигнаа историски максимум
Цените на бензините во САД денеска повторно го достигнаа историскиот максимум и покрај обидите на властите да го запрат нивниот раст, покажуваат податоците на Американската автомобилска асоцијација.
Според проценките на оваа институција, цената на галон бензин (3.785 литри) во просек во земјава се зголемила на 4.452 долари, а на дизел горивото на 5.565 долари.
Пред една година тие цени беа 3.039, односно 3.160 долари.
Бензинот е најскап на бензинските пумпи во Калифорнија, каде галон чини во просек 5.926 долари.
Американската администрација го нарекува поскапување на горивата
„Зголемувањето на цената на Путин“ и ги објаснува последиците од ограничувањата наметнати ширум светот за купување руска нафта како дел од санкциите поради специјалната операција во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…