Цените на златото и швајцарскиот франк постигнуваат рекорди

t

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста поради трговската војна меѓу САД и Кина.

Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените безбедни засолништа.

Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, го достигна највисокото ниво во последните 10 години во однос на американскиот долар, бидејќи повторно продолжи распродажбата на државните обврзници на САД што започна претходно оваа недела.

„Масовното бегство до безбедни засолништа… сето ова го одразува целосниот недостаток на јасност на финансиските пазари денес“, изјави Оливие д’Асир од инвестициската компанија SimCorp за Би-Би-Си.

Како што рече, сега живееме во свет без правила, кога станува збор за трговија, безбедност, здравје, па дури и суверенитет.

„Затоа сигурните засолништа како златото, швајцарскиот франк и државните обврзници надвор од САД се единствената опција во моментов“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски на прославата за независност повторно…

На прославата за 35 години независна Македонија,…

Нетанјаху демантира дека ОАЕ го предупредиле пред…

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин…

Цената на нафтата се доближи до 100…

Цените на суровата нафта Брент утрово се…

(Видео) Погодени ирански танкери, еден потона: Иран…

Американската војска погоди пет ирански танкери, потонувајќи…

Сикорски: Подемот на АфД би можел да…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…