Цените на нафтата на највисоко ниво во последните 5 месеци, златото руши рекорди
Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во последните 5 месеци бидејќи нападите на Украина врз руските рафинерии го намалија снабдувањето со гориво, а инвеститорите стравуваат од ширење на војна на Блискиот Исток и Иран.
Брент поскапе за 30 центи на 89,65 долари за барел, исто како и американскиот WTI, кој утринава изнесуваше 85,73 долари.
Цената на златото достигна ново рекордно ниво од 2.392 долари за унца. Од почетокот на февруари, благодарение на поголемата побарувачка од инвестициските фондови, златото поскапе за 12 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…