Објавено на:

Цените на нафтата паднаа по повлекувањето на руските војници

t

Цените на нафтата паднаа под 94 долари на меѓународните пазари по руската објава за враќање некои војници во базите, што ги намали тензиите меѓу Москва и Западот околу Украина намалувајќи ги стравувањата од санкции за руската нафта. На лондонскиот пазар цената на нафтата попладнето падна 2,87 долара во однос на претходното затворање, на 93,61 долари. Вчера ја затвори трговијата со плус од 2,04 долара.

На американскиот пазар денеска се тргуваше за 3,49 долари за барел, по 91,97 долар. Вчера, ја затвори трговијата на плус од 2,36 долара. Трговците вчера беа загрижени поради ескалацијата на тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина.

Западот ја обвинува Русија дека собира војници на границата со Украина подготвувајќи инвазија, што Русија го негира.

Вашингтон ѝ се закани на Москва со остри санкции во случај на инвазија, па трговците стравуваа дека казнените мерки би можеле да ја вклучат руската нафта и дополнително да ја намалат и онака сиромашната понуда.

Денеска, пазарите ги смири руската најава за повлекување дел од војниците во базите. Не е јасно до каде се повлекува единицата и на кое растојание.

Последните случувања меѓу Русија и Украина предизвикаа внимателен одговор од Украина и Велика Британија, а британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден во вчерашниот разговор се согласија дека има клучен простор за дипломатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Нафтата падна на најниско ниво од август…

Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…