Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го разреши од функцијата претседател на ОК приведениот директор на Платежна агенција

t

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде беа донесени повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6 Декември во Кавадарци.

Беше донесена одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на делегати согласно статутот на ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа, беше формиран и организациски одбор кој треба да го подготви Конгресот.

На Централниот Комитет беше донесена одлука за разрешување на Илија Стоилев од местото Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Исто така, беше донесена одлука за разрешување на Гоце Стоиловски од местото претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица.

На Централниот Комитет стана збор и за резултатите од последните локални избори каде ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и историски висока победа што претставува одговорност за работа и постигнување на резултати и ветеното пред граѓаните на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…

Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…

Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…