Објавено на:

Циципас со пофални зборови за Ѓоковиќ: Ти си најголемиот кој некогаш го држел тенискиот рекет

t

Новак Ѓоковиќ по десетти пат ја освои круната на Австралија опен, тоа за него беше 22. грен-слем титула, а тоа го направи откако во финалето го победи Стефанос Циципас со 3-0. По мечот Гркот имаше големи зборови за српскиот тениски ас.

„Новак, не знам што да ти кажам, сѐ што си направил говори само за себе, сѐ што правиш за нашиот спорт, сѐ што си направил досега. Сѐ е во бројките. Честитки. Не само за тебе, туку што имаш и поддршка од семејството, на сличен начин израснавме во тенисот. Секоја чест за сѐ што имаш направено за тенисот и мене ме правиш подобар играч кога сум со тебе на теренот“, вели Циципас.

„Сум имал можност да играм многу мечеви со висок интензитет. Новак го вади најдоброто од мене. Еден од најголемите во нашиот спорт. Впрочем, тој е најголемиот кој било кога го држел рекетот во историјата. Не сум го правел ова, но сакам да ти заблагодарам што го туркаш нашиот спорт толку далеку, што секој поединец го мотивираш да го даде максимумот“.

Циципас ја продолжи серијата порази од Ѓоковиќ која трае 10 меча. Сега нивниот биланс во меѓусебните средби е 11:2.

Австралија опен 2023 се играше за награден фонд 51,5 милиони долари. 

По триумфот во Мелбурн, Ѓоковиќ од утре се враќа на првото место на АТП ранг-листата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак…

Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингелот…

Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…

Тони Надал беше составен дел од огромен…