Црвена за дома, бела на гости: ФФМ ги претстави новите дресови на Македонија (ФОТО)
Фудбалската федерација на Македонија денеска ги претстави новите дресови на репрезентацијата, со кои националниот тим ќе настапува годинава на пријателските натпревари во јуни и во Лигата на нации наесен. Македонија дебитираше со новата опрема на „Адидас“ во мартовскиот бараж за Светското првенство, но сега доби комплетно нова гарнитура.
Куќата на фудбалот од 2026 година почна соработка со „Адидас“, откако истече договорот со „Јако“, бренд што ја облекуваше репрезентацијата во изминатите 11 години. Против Данска и Република Ирска, Македонија настапи во жолта комбинација, а сега ФФМ ги промовираше и првите две нови варијанти – црвената, која најчесто ќе се носи на домашен терен, и белата, која ќе биде гостинска опција.
„Со гордост го претставуваме новиот дрес на македонската репрезентација.
Симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја, каде што секој бод носи спомен, а секоја линија, надеж.
ФФМ и Adidas, едноставено, но кажува доволно.
Стил, став и јасна порака кој си и што претставуваш кога ќе излезеш на терен.
ФФМ е дел од програмата во рамки на UEFA Kit Assistance Scheme. Националните асоцијации користат ексклузивната ADIDAS „Locker Room“ услуга за дизајн, која нуди широк спектар решенија за креирање на тимска опрема.
#НапредМакедонија 🇲🇰“, стои во објавата на Фудбалската федерација на Македонија на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО…
Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…
Зеленски: Покрај трилатералата, и Европа мора да…
Украина очекува во ноември да се одржат…
Трамп оптимист: „Наскоро средба меѓу Зеленски и…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…
Времен режим на патот Кичево-Охрид кај Пресека-Песочан
На автопатот Кичево – Охрид во делот…