Црвена Звезда го изненади Олимпијакос

t

Кошаркарите на Црвена Звезда триумфираа на гостувањето кај Олимпијакос со 90-86 и така ја запишаа осмата победа во Евролигата.

По возбудливите воведни 10 минути, грчкиот тим ја презема контролата врз играта и на средината на втората четвртина стигна до 42-30, по што Ц. Звезда фати ритам и со серија од 8-0 намали на 41-44.

Голема битка се водеше и во второто полувреме, а српскиот тим направи пресврт во завршницата (65-62), по што успешно го бранеше водството до последниот звук на сирената.

Вилдоза беше најефикасен кај Ц. Звезда со 21 поен, четири скокови и осум асистенции, додека Блек постигна 14 поени и шест скокови за Олимпијакос.

На останатите натпревари Алба загуби од Макаби со 70-83, додека Басконија ја растури Виртус Болоња со 90-79.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босанец (29) со нож и пиштол им…

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…