Црвениот крст спроведе обука за прва помош во средното училиште во „Арсениј Јовков“ во Скопје
Во рамки на кампањата „Првата помош спасува живот“ што се спроведува во основните и средните училишта во државата од страна на Црвениот крст, денеска се реализираше обука за прва помош во средното училиште „Арсениј Јовков“ во Скопје.
– Црвен крст ја започна оваа кампања од месец мај 2022 година, а предвидено е до крајот на годината да се спроведат бесплатни обуки по прва помош за 25 000 деца основни и средни училишта во целата земја. Обуките по прва помош ќе се спроведат од страна на 203 предавачи и 111 демонстратори по прва помош во 33 општински организации на Црвен крст на територија на Република С. Македонија, информирање генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити
– На овие обуки децата ќе имаат можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет, дополнува генералниот секретар на Црвениот крст.
Саити порача дека првата помош не претставува само знаење и умеење да се изведат живото спасувачки вештини, туку е гест на солидарност и хуманост, гест кој ги мобилизира луѓето и заедниците да го зачуваат и заштитат животот.
Шаќири истакна дека соработката со Црвениот крст е од големо значење за придонес во општеството, но и во делот на образовните политики.
– Заедничката соработка на сите институции придонесува кон подобри резултати. Во конкретниот случај придобивките нема да бидат само за 25 000 ученици, бидејќи искуството и знаењето ќе можат да го пренесат и на своите врсници, заклучи министерот Шаќири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…