Црвен метеоаларм на Балканот, се очекуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер
Балканот е зафатен од бран нестабилно време и на сила е црвен метеоаларм за поголемиот дел од регионот, предупредуваат метеоролозите.
Синоќа Истра беше погодена од силно невреме. Во Умаг и околината за само неколку часа наврнаа 100 литри дожд на квадратен метар, а град со големина на орев направи сериозни штети. Улиците беа поплавени, а надлежните предупредуваат дека нестабилноста ќе продолжи и во следните денови.
Србија, пак, е пред нов удар на невреме. Според најавите на РХМЗ, западните и југозападните делови на земјата, преку Шумадија и Поморавје, па сè до истокот, ќе бидат зафатени од поројни дождови, грмежи, локална појава на град и силни налети на ветер.
Во Босна и Херцеговина уште денес облачноста и врнежите ќе ја зафатат западната и југозападната област, а во петок речиси целата земја ќе биде под дожд и грмежи. Очекуваниот пад на температурите е за околу десет степени, што ќе донесе барем мало олеснување по горештините, но и зголемен ризик од поплави.
Метеоролозите предупредуваат дека во делови од регионот може да има краткотрајни поплави, штети од град и прекини во сообраќајот, а конкретни предупредувања за загрозените подрачја ќе се издаваат навремено.
Сепак, од недела се очекува стабилизирање на временските услови. Температурите на Балканот ќе се движат меѓу 22 и 28 степени, додека на југот на регионот повторно ќе се искачат до 31 °C
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристовски: Инвестираме во спортска инфраструктура која ќе…
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со…
Маж од Виница натепан во сопствениот двор
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе…
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Речиси 93 милиони жители на ЕУ лани…
Во Европската Унија (ЕУ) во 2025 година…
Уапсен е еден од најбараните бегалци во…
Шведскиот државјанин Али Намдар, клучна фигура во…