ЦРН БИЛАНС: Над 2.600 луѓе загинаа, 9.600 повредени…
Над 2.600 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Исто така бројот на ранети во нападите со кои Израел одговори на упадите на Хамас на 7 октомври, се искачи на 9600.
Во меѓувреме, портпаролот на израелската војска изјави дека повеќе од 200 членови на Хамас се уапсени на Западниот Брег од 7 октомври наваму. Заробени се 155 израелски војници во Газа.
„Ги известивме семејствата на 155 затвореници кои ги држи Хамас во Газа“, рече портпаролот.
Израел ги повика жителите на северниот дел на Газа, околу 1,1 милион луѓе од вкупно 2,3 милиони во тој тесен појас, да се преселат на југ за да може да изврши операции за уништување на исламистичкото движење Хамас.
Околу еден милион луѓе се преселени од Појасот Газа за една недела, соопшти денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).
Поради лошите временски услови, израелската армија ја одложи офанзивата и денеска даде нова временска рамка за движење на цивилите на северот на Газа на југ од областа, која истече во 13 часот.
Обединетите нации ги критикуваа наредбите и предупредија на хуманитарна катастрофа, велејќи дека Израел има право на самоодбрана, но мора да го почитува меѓународното право.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…