ЦРНА ГОРА ПРОТЕРА РУСКИ ДИПЛОМАТ! Пристигна одговор од Москва: Ќе биде возвратенo!
Министерството за надворешни работи на Црна Гора прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација акредитиран во Црна Гора за персона нон грата.
Црногорското министерство наведува дека дипломатот е прогласен за персона нон грата поради, како што наведуваат, „активности што се во спротивност со членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи“.
– Официјалната нота за оваа одлука, во која е наведен рок од седум дена за напуштање на територијата на Црна Гора, денеска е доставена до амбасадорот на Руската Федерација, Владислав Маслеников, се вели во соопштението на министерството, пренесува РТЦГ.
Министерството за надворешни работи на Русија веднаш соопшти дека ќе следи одговор на овој потег на официјална Подгорица.
– Русија ќе даде соодветен одговор, соопшти Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…