Објавено на:

Црна Гора ќе учествува во обука на украинската војска

t

Црна Гора има намера да се приклучи на мисијата на Европската унија (ЕУ) за давање воена помош за Украина (ЕУМАМ) со ангажирање најмногу тројца припадници на Армијата, кои ќе учествуваат во обуката на украинските војници, изјавија за Радио Слободна Европа од Министерството за одбрана на Црна Гора.

Како што наведоа, Министерството неодамна добило одобрение да учествува во оваа мисија, откако Црна Гора изразила намера да обезбеди друг вид поддршка на Украина и да придонесе за заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија, објави РТЦГ.

ЕУМАМ е основан од Европскиот совет во 2022 година по воената агресија на Русија против Украина, со цел да ѝ пружи помош на таа земја, преку зајакнување на воената способност за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет.

Мисијата има мандат да обезбеди индивидуална, колективна и специјалистичка обука за припадниците на украинските вооружени сили на локациите на членки на ЕУ.

„Во моментов сме во фаза на спроведување на националните процедури, што треба да резултира со усвојување на собраниска одлука за учество на припадниците на црногорските вооружени сили во оваа мисија“, соопшти Министерството за одбрана.

Одлуката за употреба на единиците на Армијата во меѓународните сили ја донесува Парламентот на Црна Гора, на предлог на Советот за одбрана и безбедност.

Откако Советот ќе ја утврди предложената одлука со која прецизно ќе се дефинира учеството на црногорските војници во оваа мисија, таа ќе биде испратена до Собранието на понатамошна постапка, велат од Министерството.

Припадниците на црногорската армија би обучувале украински војници на територијата на Германија.

Дека Црна Гора ќе се приклучи на воената помош на ЕУ за Украина, потврди државниот секретар во Министерството за одбрана Марко Марковиќ на 10 април на средбата со амбасадорот на Украина Олег Герасименко.

„Црна Гора силно стои до Украина во нејзината борба за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет, како и слободата на украинскиот народ. Таа ја изразува својата поддршка и солидарност не само реторички, туку и преку конкретен политички ангажман, како и финансиски и хуманитарни придонеси “, соопшти Министерството за одбрана.

Дека Црна Гора е сигурен партнер на НАТО на Западен Балкан, изјави еден ден подоцна во разговор со премиерот Милојко Спајиќ во Подгорица помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавачки и безбедносни прашања, Скот Бреј.

Црна Гора е членка на НАТО од 2017 година и ја следи европската надворешна политика, вклучувајќи го и нејзиниот однос кон руската воена агресија врз Украина.

Досега, 24 земји-членки на ЕУ понудија обука и персонал на Украина во рамките на ЕУМАМ. Опремата е обезбедена од земјите-членки и финансирана од Европскиот фонд за мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора ќе учествува во обука на…

Црна Гора има намера да се приклучи…

ЕУ до крајот на годината ќе обучи…

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Путин го откри бројот на војници кои…

Русија распоредила повеќе од половина милион војници,…

Имам од Босна бара децата да учат…

Имамот Харун Хоџиќ од Босна некогаш член …