Црногорската тајна служба ги испитува информациите за можен атентат врз претседателот Милатовиќ
Црногорската Агенција за национална безбедност (АНБ) проверува дали се точни информациите дека се подготвува атентат врз претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кои неодамна ги добила преку извори од странство, а за тоа го известила неговиот кабинет и Полициската управа, Подгорица. пишува Вијести.
На прашањето за можна сериозна закана за шефот на црногорската држава, Управата на полицијата и кабинетот на Милатовиќ го потврдија постоењето на таква информација, додека АНБ засега не ги коментира наводите.
„Кабинетот на претседателот на Црна Гора е информиран дека се истражува веродостојноста на информациите за можна закана по безбедноста на претседателот на државата Јаков Милатовиќ. Не добивме повеќе детали. Известени сме дека надлежните органи го имаат земено предвид горенаведеното и го обработуваат. Очекуваме дополнителни информации“, соопштија од Канцеларијата за односи со јавноста на кабинетот на Милатовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…