Црн билaнc во Германија: Преку 230.000 зaбoлени вo eдeн дeн

t

Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Германија достигна нов рекорд од повеќе од 235.000, јавува Агенција Анадолија.

Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), агенција за контрола на болести во земјата, потврди 236.120 нови случаи на Ковид-19 и 164 смртни случаи поврзани со коронавирусот во текот на изминатиот ден.

Високозаразната варијанта Омикрон е главната причина за високата бројка, сочинувајќи повеќе од 95 отсто од сите нови случаи на заразување.

Здравствените власти проценуваат дека во моментов повеќе од 2,4 милиони – 2.435.300 – луѓе се заразени од Ковид-19 во Германија, што е уште еден рекорд на сите времиња за земјата.

И покрај алармантниот пораст на бројот на заразени во изминатите две недели, повеќето случаи досега се со благи симптоми и не бараат хоспитализација.

Стапката на хоспитализација во Германија изнесува 4,77 на 100.000 жители, многу пониска од бројките забележани во претходните бранови на пандемијата.

Заклучно со вчерашниот ден, на одделенијата за интензивна нега се лекуваа 2.307 пациенти, а речиси 3.000 кревети беа слободни.

Сепак, здравствените власти предупредуваат дека брзото ширење на Омикрон сè уште може да го совлада здравствениот систем доколку случаите продолжат драстично да се зголемуваат.

Експертите велат дека бројот на случаи најверојатно ќе се зголеми во текот наредните денови и ќе го достигне врвот околу средината на февруари.

Германија е меѓу земјите најтешко погодени од пандемијата на Ковид-19 во Западна Европа со најголем број на пријавени случаи, по Франција, Велика Британија и Италија.

Земјата со 83 милиони жители има пријавено повеќе од 10,4 милиони случаи на Ковид-19 и речиси 118.300 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мртво бебе оставено во торба на улица…

Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…

Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…

Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…

Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…

BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…

Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…

Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…

Германската економија во голем број сектори има…